Кинези ќе вложат две милијарди евра во рафинерија во наша соседна земја

44

Кинески инвеститори ја разгледуваат можноста за изградба на рафинерија во српскиот град Смедерево, за што ќе бидат одвоени над две милијарди евра, соопшти Српскиот совет за соработка со Русија и Кина.

За проектот ќе се разговара со работната група што ја основаше српската влада, а се очекува да се случи во април доколку се постигне договор за сите прашања.

Се очекува градежните работи да траат четири години, а производството на гориво да биде по Euro 6 стандарди.

Во производство на опрема за рафинеријата ќе бидат вклучени компании од САД и Германија.

Фото: Freepik