Кинезите навалија на американски компании

26

Кинеските инвеститори во 2012 година оствариле рекорд во купување на компании во САД, при што потрошиле 10,5 милијарди долари. Претходниот рекорд беше остварен во 2007 година, кога се потрошени 8,7 милијарди долари, пишува CNN.

Само во изминатите неколку дена, за 4,2 милијарди долари на кинеските инвеститори им е продадено 80% од компанијата за продажба на авиони на лизинг која работи во составот АИГ, а потоа Wanxiang групата плати 256,6 милиони долари за A123 Systems, американска компанија за производство на елетрични возила.

Претходно оваа година Далиан Ванда издвои 2,6 милијарди долари за синџирот кина АМЦ.