Кипар се отвора денеска за туристи, но не признава само една вакцина

225

Кипар од денеска ќе ги отвори границите за туристите кои се вакцинирани од 65 земји во Светот, но една од вакцините нема да биде прифатена. Станува збор за кинеската вакцина.

“Кипар ќе ги признае сите вакцини освен кинеските, а алтернатива е ПЦР тест“, објасни Александар Сеничиќ, директор на Националната асоцијација на туристичките агенции во Србија.

На сајтот на министерството за надворешни работи, патниците кои поседуваат сертификат за вакцинирање, на територијата на Кипар нема да мора да имаат дополнително ПЦР тестирање по доаѓањето во земјата, а единствен услов е да има поминато одреден број на денови од последната примена доза на вакцина и датумот на патување и тоа: вакцината од Johnson & Johnson 14 дена, Моderna 14 дена, Pfizer 7 дена, AstraZeneca 7 дена.

Патниците кои ја примиле таа вакцина, и поминало одреденото време, може да влезат во земјата без ПЦР тест и карантин.

Оваа привилегија нема да важи за оние кои биле вакцинирани со кинеската вакцина Sinopharm. На нив, како и на невакцинираните патници, ќе им треба негативен тест , не постар од 72 часа. По пристигнувањето на Кипар, лицето дополнително се тестира на свој трошок и има обврска да се самоизолира додека не се добие негативен резултат.

Фото: Pixabay