Кира ќе ги чини британските осигурителни компании 241 милион евра

61

Уништувањата коишто зад себе ги остави бурата Кира, кога на осми и деветти февруари ја погоди Велика Британија, ќе ги чини осигурителните куќи околу 241 милион евра (200 милиони фунти), пишува Guardian.

Финансиската штета предизвикана од ветровите со брзина до 156 километри на час и штетите од поплавените куќи, автомобили и деловни објекти ја проценија експертите од осигурителната компанија PwC.

Исто така, предупредија дека бурата Денис дополнително ќе ја зголеми сметката.

“Сè уште е рано за процена на вкупниот ефект бидејќи барања за оштета сè уште пристигнуваат. Меѓутоа, наша рана проценка е дека загубите на секторот осигурување во Велика Британија поради штетите на куќите, возилата и бизнисот ќе бидат помеѓу 150 и 200 милиони фунти“, вели Мохамед Кан од PwC.

Фото: Pixabay