Токен, што го „храни“ метауниверзумот, се спротивстави на неодамнешниот пад на крипто-пазарот поради активноста на китовите.
Според веб-страницата за следење на „крипто-китови“ – WhaleStats, Gala Games (GALA) сега е трета најкупувана криптовалута од „китовите“ во последните 24 часа, а пред неа се само Etherium и Tether.
GALA е протокол за игри базиран на блокчејн кој им овозможува на корисниците да учествуваат во развојот на играта дозволувајќи им да поседуваат авои артикли во играта како незаменливи токени (NFT).
Неговата цена се зголеми од неодамнешното дно од 0,452 долари на 0,556 долари, што претставува зголемување од 23%. Оттогаш GALA се стабилизира и моментално се тргува по 0,510 долари.
Во просек, китовите купиле 102.199 GALA за 53.556 долари, што ја прави попопуларна инвестиција од другите популарни метаверзум токени, како што се Decentraland (MANA) и The Sandbox (SAND) меѓу инвеститорите со длабок џеб.
„WhaleStats“, исто така, откри дека просечниот „кит“ има нешто помалку од еден милион GALA токени, во вредност од околу 480.000 долари во моментот на пишувањето, што го прави шестото најпоседувано крипто-средство на китовите.
И покрај неодамнешниот пораст на цените, GALA е сè уште под највисокото ниво од ноември, со скок од 0,082 долари на 0,743 долари, што претставува неверојатни 800% пораст.











