Кланица со ладилник од Струмица со добивка од 2,4 милиони денари

42

klanica

Акционерското друштво Кланица со ладилник од Струмица евидентираше вкупна сеопфатна добивка во висина од 2.463.000 денари, покажува тримесечниот биланс на успех, објавен на Македонска берза.

Во првите три месеци од претходната 2014 година, компанијата прикажа добивка од 2.850.000 денари.

Вкупните приходи од продажба во првото тримесечје на 2015 година беа на ниво од 23.013.000 денари, додека во истиот период лани тие беа во вредност од 13.351.000 денари.