KLM Care Tag – аудио “помошник” за прошетка низ Амстердам

54

klm-2

Холандската авиокомпанија KLM создаде уред Care Tag, кој ќе можат да го користат посетителите на Амстердам во септември. Уредот се закачува на торба или на облека и им дава корисни аудио информации на туристите. Уредот е составен од офлајн GPS модул и звучник, а се полни со USB.

klm-web-care-tag-a_00048

KLM Care Tags може бесплатно да го нарачаат патници што преку оваа авиокомпанија ќе одат во Амстердам во септември. Првата серија ќе биде само на англиски јазик, а за понатаму е планирано да се воведат информации и на кинески, португалски, германски и руски јазик.

Фото: KLM Care Tags