KLM почна да користи синтетички керозин

67

Холандскиот авиопревозник KLM минатиот месец почна да користи синтетичко гориво за своите летала, како алтернатива за стандардниот керозин.

Во овој потфат KLM ја имал поддршката од Shell, којшто произведува керозин на одржлив начин. Синтетичкиот керозин се произведува од јаглерод диоксид и вода со помош на одржливи извори на енергија. Целта на синтетичкиот керозин е намалување на загадувањето.

Може да се користи како погон за патнички авиони, што KLM го докажа минатиот месец  кога го изведе и првиот лет на овој начин. Први кои имале прилика да се возат со авионот што користел синтетички керозин биле патници на рута од Амстердам кон Мадрид. Авионот користел мешавина од обичен и синтетички керозин,

Фото: Freepik