Клуб 100 милијарди долари: Кои се следните кои можат да влезат во него?

51

Индискиот индустриски тајкун Мукеш Амбани неодамна се приклучи на можеби најексклузивниот клуб во светот – оној на сопствениците на над 100 милијарди долари.

Во моментов, неговите членови се само единаесет мажи – главно Американци и главно од технолошки компании. Амбани е вториот не-Американец во клубот и првиот што е од земја во развој.

Но веројатно неговото влегување е само почеток на процесот на диверзификација, пишува Statista.

Во следните четири години, осум милијардери имаат потенцијал да надминат 100 милијарди долари доколку нивното богатство продолжи да расте со темпото забележано помеѓу јануари и октомври 2021 година.

Еве ги кандидатите:

Вториот Индиец, Гаутам Адани од пристанишниот оператор Адани груп, би можел да се приклучи на клубот во следните пет месеци.

Првата дама која ќе најде место таму најверојатно ќе биде Франсоаз Бетанкур-Маер, наследничка на империјата на Лореал. Сепак, ќе мора да почека уште година дена.

Може да ја престигне друг Европеец, Шпанецот Амансио Ортега кој стои зад Индитекс.

Претставник од Кина или Хонг Конг може да влезе во почетокот на 2024 година.

Секако состојбата на најбогатите во светот е поврзана со перформансите на пазарите, па ситуацијата многу брзо да се промени – на добро или на полошо.

Податоците, исто така, покажуваат дека најбогатите 1 процент од најбогатите луѓе во светот се околу 80 милиони луѓе, додека 0,1 отсто вклучуваат околу 8 милиони.
Приклучувањето во клуб од 100 милијарди долари е резервирано за само 0,0000001 процент.