Клуб Матица и П.С.Фешн со летна акција за промоција на читањето и стилските модни парчиња

43

Книгата е вистинска релаксација на умот, а плажата го релаксира телото, но и духот. Токму затоа, Клуб Матица и П.С.Фешн решија да ги изненадат жителките на Тетово со познати македонски автори кои ќе потпишуваат книги за сите жени со стил кои ќе го посетат продажниот салон на П.С.Фешн во РЕМ центарот во Тетово.

Како дел од кампањата Со книга на плажа, Клуб Матица ја продолжува својата традиција на промоција на читањето и во летните месеци, на невообичаен и уникатен начин. Овојпат, истиот е споен со промоција на летните парчиња на познатиот бренд П.С.Фешн.

Дополнително, и младата писателка Ксенија Николова ќе биде дел од настанот и ќе потпишува примероци од нејзината книга за сите заинтересирани.

Настанот започнува од 18 часот, во продажниот салон на П.С.Фешн во РЕМ Центар во Тетово.