Клубот на Бизнис ангели на ЦЕЕД Македонија објавува нов повик за бизнис идеи

27

Фото: Pexels

Имате креативна бизнис идеја, што сакате да ја реализирате, но ви е потребна поддршка? Клубот на Бизнис ангели на ЦЕЕД Македонија ви дава прилика да ги пријавите своите бизнис идеи до 12-ти април.

Од пристигнатите апликации ќе биде направена селекција и избраните бизнис идеи на 17-ти април во ЦЕЕД Хаб Скопје, ќе имаат можност да ја претстават својата идеја пред бизнис ангелите. Доколку тие оценат дека има повеќе добри бизнис идеи, ќе бидат повикани да се презентираат во друг термин којшто дополнително ќе се утврди. Повикот е отворен за идеи од сите индустрии.

Апликацијата можете да ја пополните на следниот линк, регистрацијата е бесплатна, а може да испратите и кратка презентација на вашата бизнис идеја на мејл: bramljak@ceed-macedonia.org.

CEED Macedonia Business Angels Club (CEED BA Club) е формиран во ноември 2013 година и е меѓу првите клубови од ваков вид во Македонија. Во клубот членуваат претприемачи кои се подготвени да инвестираат во бизнис идеи или во постоечки бизниси, доколку идентификуваат потенцијал за раст, иновации и слично.

Првите бизнис идеи пред членовите на клубот беа презентирани на втори април 2014 година, а во месец декември 2014 година беше направена првата инвестиција. Втората инвестиција е направена во мај 2015, а третата во јуни 2016.

За дополнителни информации во врска со пријавувањето обратете се на bramljak@ceed-macedonia.org или на телефонскиот број 076 496 616.