Кнауф, Ли­це в ли­це и ма­ке­дон­ски кре­а­тив­ци во парт­нерс­тво за социјал­ни про­ме­ни

49

l2

Во Го­ди­на­та на парт­нерс­тво, ком­па­ни­ја­та Кна­уф ре­а­ли­зи­ра со­ра­бо­тка со улич­но­то спи­са­ние Ли­це в ли­це, заедно со гру­па ма­ке­дон­ски кре­а­тив­ци за под­др­шка на мар­ги­на­ли­зи­ра­ни­те групи  согра­ѓа­ни. Со­ра­бо­тка­та со Ли­це в ли­це, ре­ги­о­нал­на­та пла­тфор­ма за акти­ви­зам, влегува во рамки­те на го­ди­на­та што Кна­уф ја по­све­ту­ва на парт­нерс­тво­то со сите свои соработници, а меѓу нив и ор­га­ни­за­ци­и­те што ги тре­ти­ра­ат овие чув­стви­тел­ни те­ми.

Во рамки на соработката, покрај промоцијата на новиот број на магазинот Лице в лице, ќе се одржи и хуманитарна аукција на уникатни торби за лична употреба, од Кнауф, користени за нивните гипсени градежни материјали, а дизајнирани од модната креаторка Ирина Тошева.

l1

По­ве­ќе ма­ке­дон­ски кре­а­тив­ци, (Иван Пе­тру­шев­ски (Флим), Ру­жи­ца Ман­ди­чев­ска (Ру­ки Чу­ки), Го­ран Ко­стов­ски (Инд Ог), Ди­зајн енд бе­рис, Ни­на Си­мов­ска, Омај­гад, Тхе Ми­чо, Ем Елефант­ски, Мач­ка (Мар­јан Ди­миќ) и Драш (Дра­ган Ки­та­нов­ски), се вклу­чи­ја во ини­ци­ја­ти­ва­та и 20 парчи­ња рач­но ги до­ра­бо­ти­ја и им да­доа сопс­твен бе­лег.

Промоцијата ќе одржи денеска со почеток во 20 часот, во Ракија бар во Дебар Маало, Скопје.

Со­бра­ни­те средс­тва од про­даж­ба­та на овие тор­би ќе би­дат вло­же­ни во Днев­ни­от цен­тар за деца на ули­ца и со ова се по­ста­ву­ва ос­но­ва за одрж­лив мо­дел за парт­нер­ски од­нос ме­ѓу Центарот и ком­па­ниите.