Коби Брајант инспирација за нов модел патики

103

Фановите на легендарниот кошаркар Коби Брајант, кој настрада во хеликоптерска несреќа, може да ги израдува веста што Nike и Undefeated го претставија новиот модел на патики инспирирани од неговиот лик и дело.

Моделот е наречен Kobe 5 Protro Hall of Fame.

Патиките се во темно златна боја и имаат виолетов знак, а на Nike знакот се запишани броевите 24,10 и 8.

Сè уште не е објавено која ќе биде цената, но се претпоставува дека ќе се најдат во продажба во крајот на годината по цена од 190 долари.

Фото: Facebook