Кочо Анѓушев е новиот претседател на Македонската енергетска асоцијација

292

koco-angjusevКочо Анѓушев е новиот претседател на Македонската енергетска асоцијација (МЕА) при Стопанската комора на Македонија. На денешната седница на која беше избран за претседател, тој нагласи дека либерализацијата на пазарот на електрична енергија што требаше да се случи на 1 јануари годинава, но се пролонгира за 1 јули, би требало да направи финансиски бенефит, а не дополнително финансиско оптоварување за компаниите, вкупно 146, чиј список е веќе објавен на интернет страницата на МЕПСО.

Според него, неинформираноста на компаниите и неподготвеноста на ЕВН да одговори на предизвикот се клучните причини поради кои процесот на либерализација беше одложен.

“Не станува збор за несакање на компаниите да се приклучат кон процесот на либерализација, туку за нивно неинформирање. Сепак, најважно е да бидат подготвени двете страни и ЕВН, како корисник и управувач со мрежата на дистрибуција кон која овие комапнии се приклучени, но и компаниите”, изјави Анѓушев и додаде дека ЕВН сериозно се подготвува за претстојната либерализација.

Покрај либерализацијата на пазарот на електрична енергија, пазарот на нафтените деривати и цените на топлинската енергија ќе бидат меѓу приоритетите на Асоцијацијата во претстојниот период.

Кочо Анѓушев на раководното место во МЕА доаѓа по Димитар Хаџимишев кој ја извршуваше оваа функција 17 години.