Кое е младото момче што ќе плати 4,5 милиони долари за ручек со Бафет?

23

Фото: Pixabay

Дваесет и деветгодишниот Џастин Сан, основач на платформата за крипто валути Tron и главен извршен директор на BitTorrent, ќе плати 4.564.888 долари за традиционалниот 20-ти по ред ручек со еден од најбогатите и највлијателни луѓе во светот Ворен Бафет, пишува INC.

Понудатa на Сан беше највисока во рамки на петдневната онлајн лицитација на eBay. Инаку, оваа понуда од 4,5 милиони долари е трета највисока цена во последните 19 години, што некој ја платил за ручек со сопственикот на Berkshire Hataway.

Целиот износ што ќе биде платен ќе биде даден во хуманитарната организација Glide, за која се грижи сопругата на Бафет, Сузан. Досега на овој начин се собрани повеќе од 30 милиони долари, а се наменети за помош на сиромашни и бездомници.

Сан е кинески претприемач кој пред две години ја создаде 10-тата најголема крипто валута Tronix, позната под името Tron. Сан, исто така, ја основаше апликацијата Peiwo чија цел беше да стане Snapchat за Кина, а дел од листата 30 Under 30 на Forbes за 2017 година.

Минатата година анонимно лице плати 3,3 милиони долари за да руча со Бафет.