Кога детскиот сон станува реалност: Мариела пее во облаците

40

reklama

Мариела, мало девојче кое живее во планинско село на Андите, сонува да пее во облаци. Авиокомпанијата LAN, заедно со агенцијата McCann Лима ѝ го овозможија тоа.

Оваа авиокомпанија, во рамките на програмата за општествена одговорност, им овозможи на деца од сиромашни семејства бесплатен пат од оддалечените делови на Перу во главниот град Лима.

За пет години, околу 350 деца за прв пат можеа да доживеат неверојатно искуство – да летаат со авион.