Кога фармерите ќе почнат соработка со нас, сите нивни грижи стануваат наши грижи

172
mimi
Мирјана Шиндиловска, извршен менаџер на Гринагро

Мисијата на Гринагро е да им овозможи на фармерите преку правилна исхрана да дојдат до поголеми приноси и високо квалитетни производи.

БИ: Каква компанија е Гринагро, со што се занимава?

Гринагро е фамилијарен бизнис и постои веќе 20 години, од кои 15 работевме само препродажба на концентрати за добиточна храна. По 15 години се почувствуваме стабилни и сигурни дека го познаваме овој бизнис и започнавме со сопствено производство. Сега произведуваме супер концентрати и премикси за добиточна храна. Фабриката, односно премиксарата се наоѓа во Градско. Градско го избравме затоа што се наоѓа во централна Македонија и со тоа ни се олеснува дистрибуцијата низ државата. Работиме според највисоки стандарди, а суровини набавуваме од светски брендови како Бајер, Алтек, ДСМ… Мисијата на Гринагро е да им овозможи на фармерите преку правилна исхрана да дојдат до поголеми приноси и високо квалитетни производи. Соработуваме со Везе Шари, Агрипро, Јоки комерц, Бели мост…

2

БИ: За какви концентрати и премикси станува збор?

Супер концентратите и премиксите, народски кажано се витамински додатоци за животните. Витаминските додатоци се неопходни за животните што се чуваат на фарми. Им се даваат на кокошки, крави, свињи и на риби во мрестилиштата. Со овие додатоци им се подобруваат приносите, фармерите имаат подобар производ. Тоа не се хормони или вештачки додатоци, туку природни состојки што му се потребни на секое живо суштество. Додатоците се мешаат со храната, секој концентрат си има различно учество во целокупната храна, како и во која количина се дозира.

3

БИ: По што е препознатлив Гринагро?

Ние сме единствени на пазарот што произведуваме ваков тип на производи во Македонија, а се издвојуваме и по начинот на работа. Гринагро нуди целосна услуга за грижа на животните. Најпрво кога почнуваме да работиме со некој клиент, правиме анализа на фармата. Откако ќе ја согледаат состојбата на фармата, нашите експерти даваат сугестија за менаџирање на фармата по европски принципи на работа. Се договараме со фармерот и според неговиот буџет, правиме некаква формула, некаква рецепта за оваа витаминска дохрана. Заедно со концентратот нудиме и препорака каква храна треба да се зема заедно со него. Освен консултантски услуги за менаџирање на една фарма и нутриционистички услуги, даваме и ветеринарни услуги. За успешноста на фармата не е пресуден само концентратот, туку се земаат повеќе фактори во предвид, како состојбата на фармата, состојбата на животните, имуниот систем… Затоа ние имаме цел тим зад нас. Не нудиме само продажба. Тоа им е олеснителна околност на фармерите, од моментот кога ќе почнат соработка со нас, добиваат човек за се. Сите грижи на фармерите стануваат наши грижи.

БИ: На што најчесто се жалат фармерите, со какви предизвици се соочувате?

1Најмногу грижи на фармерите им предизвикуваат периодите кога немаат доволни приноси, или пак кога имаат помала несивост на јајца, помалку млеко, предизвикано од некоја болест. Тогаш ни се обраќаат на нас и ние веднаш праќаме тим, кој реално ќе ја согледа ситуацијата и ќе каже во што е проблемот. Потоа даваме препораки за решение на проблемот. Ние секогаш ги советуваме фармерите превентивно да ги вакцинираат животните против заразни болести, затоа што некогаш и тоа е проблем, кога заболуваат животните. Досега успешно сме се справувале со сите предизвици, сме успевале да најдеме решение за проблемите, затоа што имаме одличен тим. Нашите експерти се едуцирани во странство и обучувани од странски консултанти кои редовно доаѓаат и не едуцираат за најновите трендови во оваа бранша во Европа. Освен тоа, ветеринарно – консултантските услуги се беспатни.

БИ: Планирате да го проширите производството? Можеби да почнете со извоз?

Ние сме лидери за живинарските фарми на македонскиот пазар, а во план ни е да се прошируваме на краварски и свињарски фарми, како и на риба. Освен тоа, моментално инвестираме во проширување на производствениот капацитет, со намера да станеме присутни и на соседните пазари, како Косово, Албанија, Србија, но и земји од Европската Унија.