Кога телефонот на Дедо Мраз станува вирален

29

reklama

Фото: Youtube

Португалскиот телекомуникациски бренд NOS замислува што ќе се случи ако сите го најдат телефонскиот број на Дедо Мраз.

Рекламата започнува со татко кој му кажува на својот син дека има тајна што сака да ја сподели со него, но тој не смее да ја каже на никој друг. Тој го запишува својот телефонски број и вели дека е бројот на Дедо Мраз. Детето ја споделува оваа тајна со своите другарчиња, а бројот станува вирален.