Кои градови во светот се најпогодни за претприемачи?

44

Британската престолнина е најпогодна за претприемачи, бидејќи ги има сите неопходни параметри за да можат да се посветат на својот бизнис и да го развиваат.

Меѓу првите пет од вкупно 75 градови во светот се најдоа и: Барселона, Њујорк, Сингапур и Амстердам.

Од градовите во регионот, најдобро позициониран е Истанбул (10). Потоа следуваат: Атина (23), Љубљана (63) и Загреб (74).

На дното на листата се најдоа: Москва (71), Хо Ши Мин Сити (72), Цирих (73), Загреб (74) и Тбилиси (75).

Во анализата на Movinga.de земени се предвид повеќе елементи, поделени во четири постулати: екосистем, ресторани, технологија и увоз – извоз.

Фото: Pixabay