Купувањето онлајн полека, но сигурно станува секојдневие. Причината за тоа, во најголема мера, е комфорот да купувате од дома или било кое место, без потреба да одите во продавница и да губите време.
Следниве неколку работи моментално важат за најпродавани онлајн производи.
Спортска, комотна облека
Тука спаѓаат тренерки, спортски градници, чорапи… сето она што е комотно за спортување или носење по дома.
Брендирани парчиња
Онлајн купувачите сакаат и брендирани парчиња, како на пример разни маички што се дел од одреден временски популарен период.
Зимски капи
Од бебешки капчиња до зимски капи за возрасни, овие сезонски додатоци се продаваат на интернет во голема бројка.
Тексас
Тексасот секогаш добро се продавал онлајн, а во последните години купувачите сè повеќе се интересираат за ваков тип на облека, особено за јакни и фармерки.
Разни брошеви
Брошевите повторно се враќаат во мода, а онлајн трговците со оглед на нивната големина и цена, продаваат добра количина на овој мал моден додаток.
Хеланки
Без разлика дали станува збор за брендирани или обични парчиња, хеланките се еден од најдобро продаваните производи на интернет.
Облека за бремени жени
Онлајн купувањето е особено погодно за бремените жени кои понекогаш не се во можност да купуваат надвор, во продавници.
Машки чевли
Од 2012 година па наваму машките обувки сè повеќе се барани онлајн, а најголем број од купците доаѓаат од САД, Велика Британија и Австралија.
Шарени чорапи
Моментално шарените, тренди чорапи се онлајн хит.
Мидери/Стегачи за тело
Популарноста на овој тип на производи е сè поголема, а жените се тие кои верно ги следат трендовите наметнати од инфлуенсерите.
Фото: Pexels