Кои се 10-те компании од земјава чија вкупна добивка надминува 13 милијарди денари?

72

Фото: Pixabay

Пет банки и пет компании од земјава остварија најголема добивка во 2018 година, што во вкупен износ достигна 13.026.627.000 денари или 32,12% повеќе во однос на претходната година, покажуваа податоците на Македонска берза.

Во 2017 година, вкупната добивка на 10-те најпрофитабилни компании изнесуваше 9.858.681.000 денари.

Банките и компаниите што, според податоците од билансите на успех, се најдоа на оваа листа се: Стопанска банка, НЛБ Банка, Комерцијална Банка, Македонски Телеком, Мермерен комбинат Прилеп, Цементарница Усје, Алкалоид, Макпетрол, Охридска Банка и Уни Банка.

Котираните компании што го сочинуваат индексот МБИ 10 во 2018 година остварија вкупна добивка од 10.595.914.103 денари, што е за 28,9% повеќе во однос на 2017 година.

Во оваа група влегуваат добивките на: Алкалоид, Гранит, Комерцијална банка, Македонијатурист, Македонски телеком, Макпетрол, НЛБ Банка, Охрдиска банка, Стопанска банка и ТТК Банка.

Кога се анализираат котираните компании на Македонска берза, од вкупно 101 компанија, 76 прикажаа добивка, а 25 завршија во “минус“. Состојбата во 2018 година е непроменета во однос на 2017 година.

Остварените добивки на котираните компании имаа вкупна вредност од 14.748.831.795 денари или 22,61% повеќе во однос на 2017 година. Кога станува збор за загубите, тие се позиционираа на 1.296.241.428 денари.