Кои се најголеми производители на млеко во светот?

264

Индија е најголемиот производител на млеко во светот со производство од над 180 милиони тони во 2018 година. Ова, според податоците на Food and agriculture organization of United Nations, е 22% од вкупното годишно производство.

Втор најголем производител се земјите членки на Европската унија со годишно производство на 167.256.000 тони млеко, додека трети се САД со 98,6 милиони тони млеко.

Меѓу петте најголеми производители на млеко во светски рамки се Пакистан (45,6 милиони тони млеко) и Бразил (35,5 милиони тони).

На светско ниво, годишното производство на млеко во 2018 година достигна 842,9 милиони тони, додека една година претходно беше 842 милиони тони.

Увозот на млеко во 2018 година беше на ниво од 74,9 милиони тони, а како најголеми производители се јавуваат: Кина (14,6 милиони тони), Мексико (4,2 милиони тони) и Алжир (3,8 милиони тони).

Од друга страна, извозот на млеко лани изнесуваше 74,7 милиони тони. Како најголеми извозници фигурираат: ЕУ (20,5 милиони тони), Нов Зеланд (18,7 милиони тони) и САД (11,7 милиони тони).

Фото: Pexels