Кои се најголемите финансиски центри во светот

73

Њујорк е главен финансиски центар во светот, покажуваат истражувањата на групацијата Z/Yen, во рамки на индексот на Глобални финансиски центри.

Њујорк ја зголеми својата предност над Лондон за 17 поени, додека силните перформанси на другите градови, особено Париз, ја загрозија позицијата на Лондон во рамки на овој индекс.

Во првите пет финансиски центри влегуваат и : Лондон, Хонг Конг, Сингапур и Шангај.

Во рамки на овој индекс, рангирани се вкупно 104 финансиски центри на основа на анализа на проценките на експертите од финансискиот сектор и базата на податоци.

Од метрополите во регионот се најдоа: Софија (84-то место) и Атина (100-то место).