Кои се најлоши аеродроми во светот?

23

Фото: Pxiabay

Аеродроми во Португалија, Кувајт, Холандија, Романија и Малта се меѓу најлошите воздушни пристаништа во светот, покажува истражувањето на AirHelp, група што се занимава со заштита на правата на патниците.

Во топ 10 најлоши се најдоа и аеродроми во: Велика Британија, Франција и Канада.

На врвот на листата, пак, се најдоа аеродроми во овие земји: Катар, Јапонија, Грција, Бразил и Полска.

Листата, во којашто се најдоа 123 аеродроми во светот, е направена врз основа на летовите на време, квалитетот на услугите и дополнителната вредност за патниците, како што се храна и продавници.