Кои се најлошите акции во 2021 година

109

Гигантите Walt Disney, Verizon и Boeing, како и биофармацевтската компанија Amgen со седиште во Калифорнија и технолошкиот конгломерат Honeywell– моментално имаат нешто заедничко, а тоа е да ја „носат титулата најлоши акции“ во 2021 година, според берзанскиот индекс Dow Jones.
Акциите на Disney и Verizon забележаа двоцифрена процентуална загуба, додека останатите три компании забележаа едноцифрена загуба. Акциите на забавниот сектор на Disney паднаа за 14,5 отсто во 2021 година, во услови на забавување на растот на претплатниците на Disney +, што и помогна на компанијата да ги надомести загубите предизвикани од пандемијата, кога беа затворени тематските паркови и кината.

Минатата година, ограничувањата беа олеснети, а луѓето се свртеа кон забава надвор од своите домови наместо Disney+. Акциите на Verizon паднаа за 11,6 отсто во 2021 година, а аналитичарите тврдат дека телекомуникацискиот гигант наскоро би можел да го изгуби статусот на „најдобра мрежа“, во корист на T-Mobile.

Акциите на Boeing минатата година загубија 5,95 отсто, што го става овој производител на авиони на третото место на оваа листа. Компанијата се соочи со голем број проблеми во текот на претходната година, од проблематичниот модел 737 MAX до предизвиците во производството со авионот 787 Dreamliner.

Сепак, бидејќи повеќето авиокомпании досега ги укинаа ограничувањата на 737 MAX, аналитичарите предвидуваат дека Boeing ќе ја врати заработката оваа година. Акциите на Honeywell и Amgen паднаа за околу 2 отсто во 2021 година, при што добавувачот на авијација страдаше од проблеми со синџирот на снабдување и инфлацијата, додека биотехнолошката компанија изгуби поени поради стравот од потенцијалните ефекти од планот за преговори за цените на лековите, што ги предводеше претседателот Џо Бајден.