Кои се најплатени директори во светот?

27

Фото: Pixabay

Основачот на Tesla, Илон Маск минатата година заработил 2.284.000.000 долари, со што е најплатен главен извршен директор на една компанија во светот, покажува истражувањето на New York Times.

Податоците покажуваат дека Маск лани земал годишна плата од само 56.380 долари, а до 2,2 милијарди долари успеал да дојде преку хартии од вредносте што ги поседува.

Зад него се најде претседателот и главен извршен директор на Discovery Inc., Давид Заслав, кој лани заработи 129 милиони долари. Неговата годишна плата изнесуваше три милиони долари, бонусите девет милиони долари, акциите 14,8 милиони долари…

Индискиот бизнисмен Никеш Арора е трет на оваа листа на New York Times бидејќи заработи 125 милиони долари. Тој е на чело на Palo Alto Networks, а порано беше еден од главните лица во Google.

Од вкупно 200 директори на компании, што се дел од листата, четврти најплатен е Марк Хурд од Oracle со заработка од 108 милиони долари.

Топ пет најплатени директори се заокружува со Сафра Кац, исто така од Oracle, која лани заработила исто колку и нејзиниот колега Хурд – 108 милиони долари.

На “дното“ на оваа листа се најде Пери Сук, од Nexstar media group, со годишна заработка од “само“ 15 милиони долари. Исто толку во 2018 година заработи и Ендру Флоренс, директор на Costar Group. Годишна заработка од 15 милиони долари имаат и: Вендел Викс од Corning, Дејвид Аулд од D.R. Horton и други.