Кои се најскапите ски ресорти во светот

85

Зимата е годишно време кога секој сака да помине некој ден на планина, на чист воздух и да ужива во снегот. Зимскиот одмор може да биде во различна режија, а сè зависи од тоа колку ви е длабок џебот.

За оние кои немаат финансиски проблеми следните пет најскапи зимски туристички ресорти нема да биде проблем да се посетат.

Almhof Schneider – Австрија

За да отседнете во овој ресорт треба да одвоите 2.345 долари за една ноќ. Хотелот има 53 апартмани и луксузни соби, а доколку имате деца ќе треба да доплатите.

Suvretta House – Швајцарија

Една ноќ во Suvretta House чини 3.500 долари, а хотелот има 250 соби од кои неколку се премиум апартмани.

Aurelio Lech – Австрија

Неколку апартмани во овој ресорт имаат околу 110 метри квадратни, а за да преспиете една вечер ќе треба да платите 6.176 долари.

Les Suites de la Potiniere – Франција

За 10.300 долари од ноќ во овој ултра луксузен ресорт добивате услуга од пет ѕвезди, па дури апартман од 464 метри квадратни.

Carlton Hotel – Швајцарија

Победник во категоријата најскап ресорт е Carlton Hotel во Швајцарија каде за една вечер треба да се плати 16.000 долари. За таа сума добивате и личен врвен готвач за швајцарски специјалитети.

Фото: Facebook