Кинескиот старт – ап за вештачка интелигенција Bytedance во овој момент е највреден во светот, покажува анализата на CB Insights, пренесува Statista.
Овој старт – ап вреди 75 милијарди долари, а користи машинско учење за избор на вести за секој индивидуалец на традиционалните и социјалните канали.
Меѓу 10-те највредни стартапи се најдоа и:
Didi Chuxing од Кина од секторот транспорт и вреди 56 милијарди долари
JUUL Labs од САД – електронски цигари и има вредност од 50 милијарди долари
Stripe од САД – финтек компанија со проценета вредност од 35,3 милијарди долари
Airbnb од САД – сектор патувања и вреди 35 милијарди долари
SpaceX од САД – вселенски летови и вредност од 33,3 милијарди долари
Kuaishou од Кина – платформа за споделување видео содржина и вредност од 18 милијарди долари
Paytm од Индија – електронска трговија и вредност од 16 милијарди долари
Epic Games од САД – индустрија на видео игри и вредност од 15 милијарди долари
DJI Innovations – старт – ап што развива дронови и има проценета вредност од 15 милијарди долари.
Фото: Pexels