Кои се новите старт – ап градови?

35

Вкупно 30 старт – ап хабови во светот ќе имаат силно влијание врз иднината на глобалната економија, пишува Светскиот економски форум.

Ниту еден од овие хабови нема да биде голем како Силиконската долина, но секој од нив ќе има свое влијание и доминација во одреден сектор.

Како градови што ќе имаат посебно големо и важно влијание во глобалниот поредок на еко системите се: Хелсинки (Финска), Хангжу (Кина), Џакарта (Индонезија), Лагос (Нигерија), Мелбурн (Австралија), Монтреал (Канада), Москва (Русија), Мумбај (Индија), Сао Паоло (Бразил), Сеул, (Јужна Кореја), Женшен (Кина) и Токио (Јапонија).

Рангирајќи 150 водечки старт – ап еко системи, истражувањето покажува дека Силиконската долина и оваа година е лидер, а по нејзе следуваат: Њујорк, Лондон, Пекинг, Бостон, Тел Авив, Лос Анџелес, Шангај, Париз и Берлин.

Фото: Pixabay