Кои се топ пет најголеми увозници на планетата

98

Увозот на најразлични производи минатата година достигна вредност од 18.998 илјади милијарди долари. Сировата нафта е најмногу увезуван производ лани со вредност од 1.056 милијарди долари, што е пад од 12,1% во споредба со 2018-та година, покажуваат податоците на World’s top exports.

Кога станува збор за земјите што најмногу увезуваат, приматот го имаат САД со 2.568 илјади милијарди долари во 2019-та година, во потоа следуваат: Кина (2.069 илјади милијарди долари), Германија (1.236 илјади милијарди долари), Јапонија (721 милијарда долари) и Велика Британија (692 милијарди долари).

Македонија е 99-та во светот по увоз на производи што лани достигна вредност од 9,4 милијарди долари или 4,6% повеќе во однос на 2018-та година.

Од земјите во регионот, најголем увозник е Грција со 62 милијарди долари. Потоа следуваат: Словенија (44,7 милијарди долари), Бугарија (37,8 милијарди долари), Хрватска (28,4 милијарди долари), Србија (26,5 милијарди долари) и Босна и Херцеговина (11 милијарди долари).

Фото: Pixabay