Кои се трите најголеми инвестиции на Бафет оваа година

154

Кога станува збор за успешни инвеститори, Ворен Бафет, извршен директор на Berkshire Hathaway е еден од најуспешните инвеститори во историјата. Овој Американец е на 7-то место на најбогатите луѓе во светот со богатство од повеќе од 78 милијарди долари, што не брои десетици милијарди што ги донираше во добротворни цели во последните 15 години.

Бафет продаде многу акции во текот на 2020 година. Но, покрај хаосот и неизвесноста на пандемијата на коронавирус, тој исто така направи три големи купувања во кои тој и неговиот тим инвестираа помеѓу 563 милиони и 6,8 милијарди долари.

Bank of America

Инвеститорот Ворен Бафет во јули купи акции вредни 1,7 милијарди долари од Bank of America.

Купувањата се реализирани преку Berkshire Hathaway, која веќе има удел вреден 25 милијарди долари во инвестициската банка.

Акциите на Bank of America се рангираат на второто место во портфолиото на Berkshire Hathaway, пред нив се само оние на Apple.

Barrick Gold

Вредноста на канадската компанија за преработка на злато Berik Gold се зголеми за повеќе од 10%, откако Berkshire Hathaway објави дека купил удел во таа компанија.

Berkshire Hathaway во последниот квартал купил 21 милиони акции на компанијата за преработка на злато и бакар, во вредност од околу 564 милиони долари. Набавката доаѓа како мало изненадување, бидејќи Бафет во минатото беше критичар на златото.

Тој говореше дека е подобро да се инвестира во компании, фарми и недвижнини. Инвестициите во злато привлекоа многу нови купувачи кои сакаат да заштитат барем дел од нивните средства од инфлацијата што ја очекуваат заради “дивото“ печатење на парите на централната банка.

Berkshire Hathaway

Според кварталните извештаи на компанијата, Berkshire Hathaway  ги купи своите акции во вредност од 6,8 милијарди долари во првиот и вториот квартал, што е повеќе отколку што Бефет го потроши оваа година за купување акции!

Фото: Facebook