Кои сектори беа нај(не)отпорни во 2020 година

32

Од објавените 97 деветмесечни биланси на успех на компании што котираат на берзата се констатира дека 69 друштва периодот 01.01.-30.09.2020 година го завршиле со позитивен финансиски резултат – нето добивка, а 28 друштва деветмесечниот период го завршиле со негативен финансиски резултат – нето загуба. Во периодот 01.01.-30.09.2019 година од објавени 98 деветмесечни биланси на успех, 77 друштва оствариле позитивен финансиски резултат – нето добивка, а 21 друштва деветмесечието го завршиле со негативен финансиски резултат – нето загуба, покажува Кварталниот извештај на Комисијата за хартии од вредност.

Оттука, за дел од друштвата периодот од првите девет месеци од 2020 година бил понеповолен за финансиското работење на друштвата во однос на истиот период од 2019 година.

Вкупниот износ на остварените нето добивки во првите девет месеци од 2020 година е 10.213.824.000 денари (околу 166,07 милиони евра) и истиот бележи намалување за 10,44% во однос на вкупниот износ на остварени нето добивки во првите девет месеци од 2019 година, кога изнесувал 11.404.597.000 денари (приближно 185,44 милиони евра).

Во поглед на остварените нето загуби, забележано е дека и покрај зголемениот број друштва што искажале нето загуби за деветмесечието, вкупниот износ на искажаните загуби бележи намалување за 27,61%, односно од 628.403.000 денари, колку што изнесувал во првите девет месеци минатата година, во истиот период од 2020 година изнесува 453.873.000 денари. Ова во најголем дел се должи на намалените загуби искажани од друштвата од секторите индустрија и земјоделство може да се заклучи дека сите друштва од секторите трговија со нафта, фармација, банкарство и осигурување, чии хартии од вредност котираат на берза деветмесечието го завршиле со добивка.

За разлика од нив, во секторите угостителство доминираат загубите. Од аспект на износот на остварениот финансиски резултат евидентно е дека износот на добивката што го остваруваат друштвата од секторот финансии (банки и друштва за осигурување) е значително повисок од износот на добивката што ја остваруваат друштвата од другите дејности – индустрија, фармација, трговија со нафта, услуги.

Најголем дел од вкупниот износ на остварените нето добивки во првите девет месеци од 2020 година, односно 48,71%, е остварен од осумте банки и двете друштва за осигурување, чии хартии од вредност котираат на Македонска берза АД Скопје. Покрај банките и друштвата за осигурување, значајно учество во вкупно остварениот износ на нето добивки во првото деветмесечие од годината имаат и секторите индустрија со 23,38% и услуги со 12,31% во вкупно остварениот износ на нето добивки.

Покрај банките, значајно учество во вкупно остварениот износ на нето добивки во првото деветмесечје од годината имаат и секторите индустрија со 23.38%, услуги со 12,31% и фармација со 9,45% од вкупно остварениот износ на нето добивки, додека значајно помало е учеството на друштвата од останатите сектори во вкупно остварениот износ на нето добивки односно 2,81% од секторот трговија со нафта, 1,26% од секторот градежништво, 1,17% од секторот осигурување, 1,02% од секторот земјоделство, 0,99% од секторот трговија и 0,06% од секторот угостителство.

Во поглед на износот на искажаните загуби, доминира секторот индустрија каде друштвата искажале загуби во износ кој претставува 44,60% од вкупно искажаниот износ на загуби во првото деветмесечје од 2020 година од друштвата чии хартии од вредност котираат на берза. Износот на искажаните загуби од друштвата од секторите земјоделство, угостителство и услуги, исто така зафаќа значаен дел од вкупниот износ на искажани загуби во деветмесечието со учество од 22,55%, 17,54% и 13,97%, респективно, додека друштвата од секторите градежништво и трговија имаат мало учество со 1,32% односно 0,01%, респективно во вкупно искажаниот износ на загуби од друштвата за периодот 01.01.-30.09.2020 година.

Фото: Freepik