Три европски земји произведуваат половина од вкупното светско производство на вино – на кое место е Македонија

90

Според податоците на Меѓународната организација за вино, лани биле произведени вкупно 258,2 милиони хектолитри вино.

Најголем светски производител беше Италија со 49,8 милиони хектолитри вино, што е доволно да се наполнат 1.994 олимписки базени со овој благороден пијалок.

Италија произвела 19,3 отсто од вкупната количина на вино во светот.

Зад Италијанците беше уште една европска и делумно медитеранска земја, Франција, со 45,6 милиони хектолитри. Тоа е 17,65 отсто од вкупното светско производство.

На трето место се Шпанците со 35,7 милиони хектолитри или 13,82 отсто од светското производство.

Овие три европски земји направија повеќе од половина од виното произведено минатата година во светот.

Во регионот, најголем прозводител на вино е Грција, која се наоѓа на 19. место со 2,1 милиони хектолитри произведено вино во 2022 година, што е 0,82 отсто од светското производство.

Следува Македонија, која се најде на 22. место со 936 илјади хектолитри произведено вино, или 0,36 отсто од светското производство.

Бугарија е на 26. место со 747 илјади хектолитри, Турција е на 29. место со 622, Хрватска на 31. место со 561 илјади хектолитри, Словенија е на 32 место и произвела 546, Албанија е на 41. место со 228 илјади хектолитри.
Од четврто до осмо место се земјите надвор од Европа, со значително помало производство на вино од првите три.

САД се четврти со 22,3 милиони хектолитри, Австралија и Чиле произвеле 12,7 и 12,4 милиони хектолитри, соодветно.

Потоа Агентина 11,45 милиони и Јужна Африка со 10,1 милиони хектолитри вино.

Топ 10 ги комплетираат Германија со 8,9 милиони и Португалија со 6,7 милиони хектолитри вино.

Интересно е што Грција и Грузија произвеле исто количество вино, по 2,1 милион хектолитри, што е речиси двојно повеќе од Романија со 3,9 милиони хектолитри.