Кои земји дишат “најотровен“ воздух?

38

Загадениот воздух е еден од најголемите “сериски убијци“ во светот. За жал, нашиот главен град е меѓу оние градови во светот што имаат најзагаден воздух.

Според Air Visual, на врвот на оваа листа за минатата година се најде Бангладеш, а во првите пет се: Пакистан, Индија, Авганистан и Бахреин.

Од земјите во регионот, Босна и Херцеговина е 14-та најзагадена земја, додека ние сме само едно место подолу. Бугарија се најде на 24-то место, Србија четири места подолу, додека Хрватска е 30-та најзагадена во светски рамки.

Најмал проблем со загадениот воздух, од 73 земји во светот, имаат: Исланд, Финска, Австралија, Естонија и Шведска.

Фото: Pixabay