Кои земји најмногу тргуваат со јагоди?

156

Јагодите со својот мирис и вкус, со полно право, го уживаат епитетот на едно од најубавите овошја во светот. Во текот на минатата година, извозот на свежи јагоди во светот се процени на 2,76 милијарди долари, додека на замрзнатите јагоди има вредност од 1,16 милијарди долари, покажуваат податоците на World’s top exports.

Шпанија минатата година извезе свежи јагоди во висина од 678 милиони долари или 24,6% од вкупниот извоз на глобално ниво. Меѓу најголемите извозници на јагоди во свежа форма се и: Мексико (580 милиони долари), САД (451,2 милиони долари), Холандија (271 милион долари) и Белгија (185,6 милиони долари. Од регионот, меѓу 15-те најголеми извозници на свежи јагоди се најдоа и: Грција (62 милиони долари) и Турција (24,8 милиони долари).

Кога се работи за замрзнати јагоди, лидер во извозот е Полска со 173,8 милиони долари. Меѓу петте најголеми извозници на ова замрзнато овошје се и: Египет (165,3 милиони долари), Мексико (143,3 милиони долари), Мароко (96 милиони долари) и Чиле (89,3 милиони долари). Меѓу 15-те најголеми извозници има и две од регионот: Турција (33,6 милиони долари) и Србија (11,7 милиони долари).

Фото: Freepik