Кој е најголем извозник на млеко во светот?

257

Извозот на млеко во светот во 2018 година достигна вредност од 28,6 милијарди долари, покажуваат податоците на World’s top exports.

Како најголем извозник на млеко во светот е Нов Зеланд со 5,5 милијарди долари. Меѓу петте најголеми извозници на млеко се: Германија (2,8 милијарди долари), Холандија (2,5 милијарди долари), Белгија (1,7 милијарди долари) и САД (1,6 милијарди долари).

Од земјите во регионот, најдобро е позиционирана Словенија (29-та) со извоз од 142 милиони долари. Потоа следуваат: Босна и Херцеговина (35,3 милиони долари), Грција (23,7 милиони долари), Хрватска (16,7 милиони долари), Србија (15,5 милиони долари) и Бугарија (11,9 милиони долари). Македонија се најде на 80-то место во светот со извезено млеко во висина од 4,2 милиони долари.

Фото: Pixabay