Кој е најголем ризик за финансиските институции?

27

Истражување на консултантската компанија Deloitte околу управување со ризиците во глобалниот сектор на финансиски услуги покажува дека со намалување на економската активност и пораст на невработеност, кредитниот ризик станува главен приоритет.

Дваесет отсто од испитаните директори за управување со ризици во финансиски институции го издвоиле кредитниот ризик чие значење ќе се зголемува во текот на следните две години, од 16 различни категории на ризици. Станува збор за силен пораст во однос на 3% од испитаниците од 2018 година.

Освен тоа, 62% од извршните директори што се дел од истражувањето, изјавиле дека мерењето на кредитниот ризик е исклучително важен приоритет за нивните институции во следните две години.

Фото: Pexels