Кој е “татко“ на дезинфекција на рацете?

109

Редовното миење на рацете, особено нивна дезинфекција, не била секогаш вообичаена пракса, ниту во домовите, ниту во болниците. Теоријата за хигиена на рацете настанала на средина на 19-от век кога унгарскиот гинеколог Игнац Земелвајс почнал да работи во родилиште во Општа болница во Виена во 1846 година.

Брзо откако почнал работи, воочил голема стапка на смртност на родилките на своето одделение. Дури 30% од пациентките умирање по породување од таканаречена породилна треска. Откако го спровел своето мало, но важно истражување, Земелвајс увидел дека постои разлика меѓу хигиената на рацете и смртноста на родилките. Во следните две години овој гинеколог спровел големо истражување во кое на медицинскиот персонал му наредил пред секој зафат да ги измијат рацете и да ги дезинфицираат со раствор од хлор, пренесува National Geographic.rs.

По неговото истражување, смртноста на родилките автоматски се намалила од 12,3 на само еден отсто. Неговото сознание за хигиената на рацете било своевидна револуција. Но, поради неговото откритие тој го навлекол на себе гневот од постарите колеги.

За жал, неговиот договор за работа не бил продолжен во 1849 година во болницата во Виена, по што се враќа во Пешта. Таму продолжил со работа и објавувал стручни трудови околу инфекциите што се јавуваат доколку нема редовно да се измијат и дезинфицираат рацете.

Никогаш не го преболел тоа што Виена ги отфрлила неговите тврдења. Недоволно признат и исцрпен од постојаната борба со своите противници, сместен е во психијатриска болница во близина на Виена, каде што починал под неразјаснети околности.

Фото: Pixabay