Кој ќе биде новиот министер за финансии на САД?

46

Избраниот американски претседател, Џо бајден ќе ја именува Џенет Јелен за министерка за финансии во својата администрација, објавија Wall Street Journal и New York Times, повикувајќи се на владини извори.

Инаку, Јелен е поранешна претседателка на американските Федерални резерви. Седумдесет и четиригодишната Јелен е прва жена која раководела со американската централна банка, а и прва жена на чело на тамошното министерство за финансии, откако ќе биде номинирана и потврдена во Сенатот.

Таа застанува на оваа позиција кога САД се соочуваат со сериозни економски последици предизвикани од пандемијата.

Министерската фотелја на Јелен ќе ја остапи Стивен Мучин, којшто го раководи овој ресор од 13-ти февруари 2017-та година.

Фото: Facebook