Кој ќе добие по 6.000 денари помош од државата?

322

На веб страната kupuvamdomasno.gov.mk, осум дена откако законот ќе се објави во Службен весник ќе бидат објавени имињата на лицата кои ќе добијат државна помош од четвртиот пакет мерки.

По 6.000 денари ќе легнат на трансакциските сметки на пасивните баратели на работа, пензиониери кои месечно земале пензија до 15.000 денари, корисници на право на социјална сигурност на стари лица, млади од 16 до 29 години кои не добија пари со претходната мерка, самохрани родители, деца без родители и родителска грижа, естрадните уметници, филмските работници, како и на граѓаните кои имаат блокирани сметки.

Предлог текстот на законот, сè уште не е ставен на дневен ред за гласање ниту наредната недела, а парите треба да се потрошат до 25-ти декември.

Откако ќе биде изгласан законот ќе бидат избрани банки од кои ќе може да се користат парите и да се отворат сметки, воедно ќе бидат избрани и трговци каде ќе можат да се користат овие средства.

За оваа мерка државата одвои 27 милиони евра.

Фото: Freepik