Кој ќе го купи BlackBerry?

6

blackberryКанадската компанија BlackBerry, која поради проблеми во Одделот за паметни телефони е во блокада, започна преговори со компаниите Cisco Systems, Google и SAP околу продажба на дел или на целокупниот бизнис. Како што пишува Ројтерс, таквиот договор би претставувал алтернатива на прелиминарниот договор што беше постигнат пред една недела со групацијата Fairfax Financial Holdings, која би требало да го преземе BlackBerry за 4,7 милијарди долари.

BlackBerry побара од потенцијални стратешки купувачи да изразат прелиминарен интерес. Меѓу компаниите кои се споменуваат како потенцијални купувачи се и Intel, LG и Samsung.

Потенцијалните купувачи особено се заинтересирани за високо заштитените сервери и портфолиото на патенти на BlackBerry, иако постои сомнеж околу вредноста на имотот, велат извори за Ројтерс.

Google, Cisco, LG и SAP не сакале да коментираат, а Samsung не биле достапни за комантар.

Потенцијалните понудувачи со претпазливост гледаат на оваа продажба, најмногу поради фактот што минатиот месец оваа канадска компанија пријави квартална нето загуба од скоро една милијарда долари.