
Реплек АД Скопје, согласно Глава 6 од Правилата за котација и член 38 од Правилата за котација на Македонска берза АД Скопје, објави ценовно чувствителна информација за промени во сопственичката структура на друштвото.
Отворениот задолжителен пензиски фонд САВА Пензиски фонд, кој поседува над 5 проценти од акциите, се стекнал со дополнителни 50 акции. Со тоа, фондот сега поседува вкупно 16.913 акции, односно 6,52 проценти од вкупниот број на акции на Реплек.
Акционерот Владимир Пецовски, исто така со над 5 проценти сопственост, купил дополнителни 5 акции и сега поседува 16.555 акции, што претставува 6,39 проценти од вкупниот број на акции.
Од друга страна, компанијата НАСТЕЛ ДООЕЛ, која исто така е акционер со над 5 проценти, продала 30 акции, по што нејзиното учество е намалено на 15.470 акции, односно 5,97 проценти од вкупниот број на акции на друштвото.











