Кој најмногу профитира од карантинот?

151

Поради пандемијата од коронавирус голем број луѓе, дури и против нивна желба, се најдоа во карантин, за да се спречи ширењето на оваа зараза. Малку е непријатно да се зборува за тоа некој да прави профит, додека светот се бори со овој вирус, но Brain berries, направи листа на дејности што бележат поголем профит и приходи, бидејќи милиони луѓе се дома.

Онлајн продавници и достава до дома

Луѓето се плашат да одат во продавница за да избегнат блиска средба со некој заразен, па единствен начин да дојдат до продуктите што им се неопходни, е преку интернет.

Онлајн лекари

Во многу земји, луѓето за симптомите што ги имаат, бараат одговор онлајн наместо да одат на преглед. Може да се случи и да платат за да закажат онлајн преглед преку Skype.

Онлајн едукација

Сајтови како што се Lynda, Coursera, Khan Academy или Udacity во овој период очекуваат зголемен број на посетители.

Стриминг сервиси

Мора да останете дома, па со самото тоа поминувате повеќе време пред екраните, па YouTube, Hulu, Netflix и други стриминг услуги ќе добијат поголема популарност и посетеност.

Онлајн гејминг сервиси

Многу онлајн игри ќе добијат уште поголема популарност поради вирусот.

Социјални мрежи

Кога сите активности ќе ви здодеат, ќе ви биде драго што имате пристап до социјалните мрежи преку коишто можете да бидете во контакт со најблиските.

Продавачи на канцелариски материјали

За да може луѓето непречено да работат од дома, ќе им бидат потребни многу работи што ги имаат на работното место. Меѓу нив се печатачи, машини за фотокопирање и рутери.

Провајдери

Бидејќи сега целото време го поминуваме дома, поголеми ќе бидат и сметките за струја, вода, телефон, интернет…

Фото: Pixabay