Кој (не) смее да работи во недела во Црна Гора?

54

20-ти октомври е првата недела што е неработна за трговците на мало и големо во Црна Гора. Од оваа законска одлука, како што пишува Bankar.me, ќе работат само: аптеки, специјализирани продавници или киосци за продажба на леб, пекарски производи и колачи, продавници за цвеќе, сувенири, штампа, средства за заштита на растенија или погребна опрема.

Во недела во оваа земја, исто така, ќе можат да работат и: бензински пумпи, продавници во рамки на бензинските пумпи, пазари, штандови, тезги, подвижни продавници, како и автомати.

Во рамки на оваа законска обврски, како што наведува RTCG, се опфатени околу 40.000 вработени во секторот трговија во Црна Гора.

Со овој закон, освен во недела, се забранува и работа за време на државни празници.

Оние кои нема да ги почитуваат овие одредби ќе се движат од 1.000 до 10.000 евра, а можно е и трајно затворање на објектот.

Фото: Pixabay