Кој профитираше од блокадата на Суецкиот канал?

151

Привремената блокада на Суецкиот канал им овозможи на Русија и Кина подобро да ги промовираат своите трговски патишта и да го доведат во прашање американскиот модел на глобализација, напиша францускиот економски специјалист Франсоа Ленглет во коментарот објавен од Figaro.

“Економските последици од инцидентот може да бидат безначајни, но геополитичките постојат. Веднаш по насукувањето на бродот Ever Given, Русија предложи алтернативна рута помеѓу Истокот и Европа што е за пет илјади километри пократка од Суецкиот канал. Кина го направи тоа исто како и поларниот пат на свилата“, рече тој. Нагласува дека можноста за создавање трговски патишта и нивно контролирање отсекогаш се сметало за белег на моќта.

Новинарот потсетува дека Суецкиот канал го граделе Европејци, вклучително и Французите. По Првата светска војна, Велика Британија беше одговорна за неговата одбрана.

“Наскоро беше отстапено местото на новиот светски лидер, Соединетите Држави, кои ги контролираат трговските патишта во текот на 20-тиот век“, вели Ленглет.

“Денес американската доминација е оспорена од Кина и Русија, кои сакаат да понудат сопствен модел на глобализација преку своите трговски патишта“, заклучува тој.

Суецкиот канал носи 12% од светскиот товарен сообраќај и е исто така еден од најпрометните водни патишта за испорака на нафта во светот. Осум проценти од бродовите кои носат течен гас минуваат низ него, а 19.000 бродови годишно или повеќе од 50 на ден минуваат низ каналот.

Фото: Facebook