Koja e Гитањали Рао – дете на годината според Time

137

За првпат по 100 години, магазинот Time прогласи “дете на годината“ кое имало најголемо влијание врз светот во 2020 година.

Станува збор за 15-годишната Гитањали Рао, научничка и иноваторка од Колорадо.

Таа е избрана меѓу повеќе од 5.000 номинирани поради користење на технологија за пронаоѓање решение за проблеми како што е зависност од опиоди и загадување на вода за пиење.

Во интервјуто, коешто за Time го водела актерката Анџелина Џоли, Рао зборувала за своето менторирање на други ученици со цел “создавање глобална заедница на млади иноватори кои би ги решиле проблемите во светот“.

“Учениците со кои работам едноставно не знаат од каде да почнат. Сметам дека ако им дадете искра, од која ќе почнат, тогаш сè се менува. Тоа значи дека едно лице во овој свет ќе сака да смисли идеи за решавање на проблемите. Неодамна дојдов до бројка од 30.000 ученици на кои им бев ментор“, вели Рао.

Американскиот магазин од 1927 година прогласува лице на годината, кои потоа се нашле на насловната страна.

И минатата година, Time им отстапи простор на малолетни влијателни лива. Минатата година тоа беше Грета Тунберг, која има 17 години, доаѓа од Шведска и е активистка за климатски промени.

Фото: Twitter