Која е таа инвестиција што има поврат од 9.150.088%?

173

Доколку во јули 2010 година сте инвестирале 100 долари во Bitcoin, на 12-ти март оваа година, инвестицијата би имала поврат од 9.150.088% и би достигнала ниво од 9.150.188 долари, покажува анализата на податоците на порталот Howmuch.net.

Втора според повратот на инвестицијата е Amazon со 3.156%, па така, според податоците, со инвестирани 100 долари, повратот ќе изнесува 3.256 долари.

Подолу следуваат: Apple (2.345%), Visa (1.597%), Microsoft (899%), JP Morgan (433%), Facebook (420%), Berkshire Hataway (228%), Johnson & Johnson (216%) и Walmart (171%).

Фото: Pexels