Која ќе биде вредноста на биткоинот до крајот на годината?

104

Во анкетата на CNBC на прашањето до инвеститорите на Wall Street каква ќе биде вредноста на биткоинот на крајот на годината, 44% одговориле дека би вредел помалку од 30.000 долари.

Другите се пооптимистични, но само 6% се оние кои веруваат дека цената ќе се врати над 60.000 долари оваа година.

Криптовалутите закрепнаа изминатата недела, пренесува Bonitet. На пример, цената на етереумот порасна за 20% и надмина 2.000 долари. Биткоинот вредеше скоро 35.000 долари во петокот. Според податоците на coindesk, утрово цената на биткоинот се движи околу 34.225 долари.

Фото: Pixabay