Програмерите ќе бидат најбарани работници на пазарот на труд во наредните неколку децении.
Тоа го изјави директорот за дистрибуција на технологија во Yandex, Григориј Бакунов, за порталот Gazeta.ru.
“Тоа може да се нарече професија на иднината. Токму овие експерти ќе го придвижат човештвото напред“, изјави тој.
Бакунов смета дека ИТ сферата може да се промени поради масовното преминување на луѓето на работа од далечина за време на епидемијата од коронавирусот.
“Пандемијата покажа дека програмерите можат да работат и од далечина. Па така и луѓето кои живеат во помали градови имаат повеќе шанса да работат во сериозни компании,“ истакна експертот.
Фото: Pixabay