Која вештина ќе биде најбарана оваа година?

55

Blockchain ќе биде најбарана вештина во 2020 година, покажува истражувањето на LinkedIn.

Во текот на 2019-та година, blockchain ги надмина вештините за cloud computing, вештачка интелигенција и дизајн на кориснички искуства, па станува најбаран вештина меѓу работодавачите на глобално ниво.

Најтрактивните вештини што ги бараат работодавачите се мери преку утврдување на вештините наведени на LinkedIn профилите на луѓето кои се вработени. Во анализата се вклучени градови со најмалку 100.000 жители активни на LinkedIn.

Од оваа платформа се убедени дека на blockchain технологијата ѝ претстои светла иднина. Се наведува дека голем број светски компании, како што се IBM, Oracle, JPMorgan, Amazon и Microsoft активно се вклучени во примена на таа технологија.

LinkedIn претходно ја објави традиционалната годишна листа Emerging Jobs за најбараните работни места. Меѓу првите занимања е експерт за вештачка интелигенција, обично инженер, истражувач или друга специјалност којашто се фокусира на машинско учење и вештачка интелигенција.

Фото: Pexels